Получасовен прекин на гласањето во училиште во Кавадарци

Половина час беше прекинато гласањето на избирачко место во Кавадарци.

Маж на педетгодишна возраст го отргнал гласачкото ливче од рацете на неговата сопруга, го скинал, по што двајцата си заминале.

По пријавувањето на случајот лицето е приведено на информативен разговор.

„Во 12 часот на избирачкото место број 0667 во училиштето „Тоде Хаџи-Тефов” во Кавадарци од страна на

Избирачкиот одбор при прекин на гласање, побарана е помош од полициски службеник, кој во моментот бил ангажиран на обезбедување на гласачкото место“, соопшти Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес,.

Пријавено било дека сопружници од Кавадарци, при гласање го нарушиле изборниот процес.

„Сопругот го земал гласачкото ливче на својата сопруга и го скинал по што и двајцата ја напуштиле просторијата.

Во врска со настанот, едно лице е лишено од слобода и обезбедено е искинатото гласачко ливче“, информираше Стојковска.

Се работи на целосно расветлување и документирање на случајот.