Пол позиција за Хамилтон пред решавачката трка

Возачот на „Мерцедес“, актуелниот шампион Луис Хамилтон ја освои денес „пол“ позицијата на Големата награда на Абу Даби, последна трка во оваа сезона во Формула 1 која ќе одлучува за шампионот.

Во конкуренцијата на возачи, со со 12 бодови повеќе од Хамилтон, е неговиот клубски колега Нико Розберг, кој денес имаше второ најдобро време на патеката Јас марина, со три десетинки заостанување зад Британецот.

rozberg

На третата позиција е Даниел Рикардо од „Ред Бул“.

Розберг би можел да ја освои првата титула, ако утре биде пред Хамилтон.

vozaci-111

Шампионот би можел да ја освои четвртата титула, а за тоа треба да победи, а Германецот да не биде меѓу првите тројца.

Има уште начини на кои шампионот би можел да ја одбрани титулата.

Хамилтон би можел да биде втор, но тогаш Розберг би морал да биде седми, или кое било место под тоа, или
Британецот, на пример, да биде трет, но тогаш Розберг или треба да биде на 10-то место, или да не ја заврши трката.

abu-dabi