Поради дефект на водоводната мрежа, пет улици во Куманово, денеска без вода

– Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат жителите на пет улици и населени места од Куманово, соопштија денеска надлежните од Јавното претпријатие „Водовод“.

Интервенции ќе има на улиците „Никшиќка“ и „Никола Вапцаров“, во приградските населби Черкезе и Иго Тричковиќ, како и во месноста „Османов Рид“.

Надлежните од „Водовод“ најавија дека во текот на денот се очекува  екипите за интервенција да ги санираат дефектите.