Поради опасност од пожари: Од утре се забранува движење во шумите

Јавното претпријатие „Национални шуми“ воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Македонија.

Одлуката е донесена по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, заради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури.

Делумната забрана за движење во шума почнува да важи од утре, во временски период од 6 до 20 часот, и истата ќе трае се додека не биде проценето дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.

Оваа делумна забрана не важи за субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие „Национални шуми“, како и за лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите.

За непочитување на оваа забрана предвидена е парична казна.