Последниот говор на кубанскиот лидер: Кастро ја најави својата смрт

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро се појави во април оваа година на затварањето на конгресот на Комунистичката партија на Куба, на кој неговиот брат Раул повторно е избран на нов петгодишен мандат на чело на партијата.

Таткото на кубанската револуција тогаш се појави покрај брат му Раул (84) којшто го наследи на местото шеф на државата во 2008 година.

kastro-3

Фидел кастро бил дочекан со акламација од речиси 1.000 делегати присудтни на конгресот на кој не биле повикани странски медиуми, јави државната агенција АЦН.

Во краткиот говор на завршувањето на собирот рекол дека наскоро ќе умре и ги повикал членовите на партијата да помогнат неговите идеи да опстанат, и така на некој начин можеби и ја најави својата смрт.

kastr0-6

„Наскоро ќе наполнам 90 години“, рекол Кастро, во своето најдолго појавување во последните години.

„Набрзо ќе завршам како и сите други. Времето ќе дојде за сите нас, но идеите на кубанските комунисти ќе останат како доказ дека на оваа планета, ако се работи со елан и достоинство, можат да се произведат материјални и културни добра кои им се потребни на луѓето, и потребно е без прекин да се бориме тоа да го оствариме“, рекол тој.

„На своите пријатели во Латинска Америка и во светот треба да им кажеме дека кубанскиот народ ќе победи“, рекол Фидел Кастро, облечен во тренерка.

kastro-1

Во конференциската палата во Хавана делегатите се дигнале на нозе и извикувале „Фидел, Фидел“, штом се појавил на подиумот, пренесува АЦН.

Кастро претходно се појави во јавност на 7 април, првпат после долго отсуство, после девет месеци, кога во едно училиште во Хавана зборувал за позитивните страни на кубанскиот образовен систем, а пред тоа во јули 2015 година.

Тој, меѓутоа, до неодамна редовно во својот дом ги примаше лидерите на пријателските земји, а државните медиуми објавуваа фотографии од тие средби.

kastro-ortega

kastro-4