ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ: Фудбалските ѕвезди ќе донираат за народот во Турција и Сирија

LinkSense.mk

Турскиот репрезентативец и фудбалер на италијанската Аталанта, Мерих Демирал, започна кампања за собирање помош за настраданите од разорните земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија.

Демирал организираше кампања под свое име и ги повика фудбалерите да му помогнат на народот на Турција и Сирија. Прв се приклучи Кристијано Роналдо, а веднаш по него Леонардо Бонучи.

Image

На поканата на Демирал се одзваа бројни фудбалски ѕвезди. Меѓу нив се: Лионел Меси, Нејмар, Карим Бензема, Еден Азар, Ерлинг Халанд, Кевин Де Брујне, Хари Кејн, Пауло Дибала, Килијан М’бапе, Антоан Гризман и Алваро Мората.

Последен кој се вклучи во акцијата е легендарниот Џанлуиџи Буфон кој испрати ракавици.