Потера по крадците на злато во Франција

Четири лица украдоа денес неколку десетици килограми злато од оклопно возило на автопат во Франција.

Полицијата покрена истрага и почна да трага по крадците на југоистокот на Франција.

Четворицата со два автомобили го пресретнале возилото што го превезувало златото и го присилиле да го напушти автопатот А6 меѓу Париз и Лион, после што го одзеле вредниот товар, ги заклучите лицата од обезбедувањето во задниот дел од транспортното возило, го запалиле едниот од своите автомобили, а со другиот побегнале.

francija-2

Пламенот се проширил на три автомобили што биле во непосредна близина и имало шанси да биде зафатено и оклопното возило, но полицијата интервенирала после дојавата од очевидец на настанот и на време ги спасила работниците во обезбедувањето, изјавил за француски медиуми претставник на жандармеријата, кој поради истрагата побарал да не биде именуван.

Според неговите зборови, од возилото на компанијата „Лумис“ украдени се во неколку десетици килограми злато, па со оглед на цената од 37.000 евра по килограм, вредноста на грабежот би можела да биде поголема од еден милион евра.

francija-3

Иако во Франција повремено се случуваат кражби на дијаманти и големи грабежи на патиштата, многу ретко се случуваат вакви големи кражби на злато, напоменуваат од француската полиција.

Властите не ги соопштуваат идентитетите на крадците, како ниту тоа чие е златото и каде било носено.

francija-4