Потесен или поширок ремен

Ременот е неопходен моден детал кој дава печат на целокупниот изглед, било да сте љубител на лежерниот или елегантниот стил.

Изборот на модели оваа сезона е голем, од плетени, до цврсто платно со еластин, ефектни токи и други интересни детали.

Со елегантни панталони, советуваат стилистите, подобро оди потесен ремен, и тоа во тон со облеката, додека пошироките модели можете комотно да ги комбинирате со тексас панталони или бермуди.

Што се однесува до боите, темно сините и нијансите сина се заштитен знак на летото, како и тоновите на зелена боја.