Потребни се итни мерки за обезбедување на храна за сиромашните

LinkSense.mk

Лидерите на Меѓународен монетарен фонд, Светската банка, Светската трговска организација и Светската програма за храна на ОН во заедничко соопштение упатија апел за итни мерки за справување со сè поголемата неизвесност за обезбедување храна за сиромашните земји, вклучително и финансирање на земјоделците и создавање поголеми резерви на храна.

Поради руската инвазија на Украина и западните санкции кон Москва, изминатите недели забележан е раст на цените на енергенсите и храната, а зголемувањето на цената на природниот гас влијае врз производството на вештачки ѓубрива, што пак им штети на земјоделците.

Во заедничкото соопштение се наведува дека меѓународната заедница треба да обезбеди средства за итно снабдување со храна, формирање на сигурна мрежа за сиромашните семејства и земјоделците, како и да се зголеми земјоделското производство.

Тие исто така апелираат и „отворена трговија“ со цел да се избегнат ограничувањата на извозот или „купувањето храна за хуманитарна помош“.

„Иако сиромашните земји се најзагрозени поради кризата, земјите со среден приход исто така се сè позагрозени, се истакнува во заедничката декларација.

Се понеизвесно е закрепнувањето на економијата поради новите мерки и затворањето во Кина поради Ковид-19, додека Украина е клучен извор на жито, а Русија е главен производител на енергенси и земјоделски ѓубрива.

„Многу повисоките цени на храната и недостатокот на резерви вршат притисок врз домаќинствата ширум светот и туркаат милиони луѓе во сиромаштија. Зголемената ранливост и конфликти им нанесуваат трајна штета на луѓето ширум светот, се истакнува во заедничкото соопштение.

 

 

МИА