Почесниот папа Бенедикт XVI призна дека дал лажна изјава во истрагата за злоставување

LinkSense.mk

Почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти призна дека дал лажна изјава за време на истрагата за сексуална злоставување во Германската католичка црква, во изјава објавена преку неговиот приватен секретар Георг Гансвајн и објавена на веб-страницата на Ватикан Њуз.

Спротивно на она што тој првично го кажа, Бенедикт учествувал на состанок во 1980 година како надбискуп на Минхен и Фрајзинг, на кој се разговарало за свештеник кој постојано привлекувал внимание за сексуална злоупотреба на деца, јави ДПА.

Тој свештеник подоцна бил вратен како пастор во Баварија.

Грешката „не е направена со лоша намера“, туку е „резултат на превид во уредувањето на неговата изјава“, се вели во соопштението од кабинетот на Јозеф Рацингер, роденото име на пензионираниот папа.

Тој рече дека му е „многу жал“ за грешката и изрази надеж дека може да му се прости, се вели во соопштението.

 

МИА