Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст.

Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми.

Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника.

Бајрам имаше проблеми со срцето, а како што јавуваат медиумите, посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид.