Почина Владо Ѓорчев, новинар во агенцијата „Мета“

Во раните утрински часови, ненадејно почина Владо Ѓорчев, новинар и уредник во новинската агенција „Мета“.

Тој беше дел од редакцијата на „Мета“ од нејзините почетоци, а во истовреме беше активен соработник на „Сервисот за проверка на факти“ и „Вистиномер“.

Ѓорчев беше познат новинар и уредник.

Работеше во повеќе медиуми меѓу кои и „Вечер“, „Бизнис“, „Време“, „Шпиц“, „Плус инфо“, „Либертас“, „БезПардон“ и „Комуникација“.

Неодамна Ѓорчев ја доби втората награда на конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција.

Новинска агенција „Мета“, но и медиумската сцена во Македонија остана без одличен уредник, новинар, неуморен пишувач и пријател.