Почина Есма Реџепова

Рано утрово на 73-годишна возраст почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова. Пред две недели таа беше примена во тешка здравствена состојба во една болница во Скопје.

Есма Реџепова беше нарекувана кралица на ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење и наш музички амбасадор.

Есма Реџепова е носител на титулата Национален уметник на РМ од 2013 година, а на 30 октомври годинава во Торонто беше промовирана монографија за нејзината 55-годишна кариера.

Во својот живот има одгледано 47 деца и има одржано огромен број на концерти.

На крајот на август пееше и на хуманитарниот концет за поплавените во скопско