Почина кралицата Елизабета Втора

LinkSense.mk

Почина британската кралица Елизабета втора, објави Би-Би-Си.

Веста прв ја пренесе британскиот јавен сервис, пренесувајќи изјава на Бакингемската палата.

Како што беше објавено, британските власти имаат план, во случај на смрт на кралицата.

Во случај да на смрт на кралицата Елизабета, британските власти имаат план за сè што ќе следи во наредните денови – од тоа како ќе се соопштува веста до самиот погреб.
Постапката која дава насоки за тоа што да се прави во случај на смрт на кралицата е наречена „Операција Лондон Бриџ“ (Лондонски мост).