Почина творецот на Киндер јајцето

Вилијам Салис, творецот на прочуеното и омилено Киндер јајце почина вчера во 83 година во италијанскиот град Павиа.

Салис, кој во фирмата „Ферреро“ почна да работи во 1960 година, многу бргу станал десна рака на сопственикот Микеле Фереро.

Во седумдесеттите години од минатиот век италијанскиот производител на чоколадни бомбони се обиде да направи нешто ново наместо традиционалните чоколадни јајца чии калапи се користеле само за време на Велигден.

Така настана „Kinder Surprise“ јајцето.

kinder-2

Чоколадната облога во облик на јајце во чија внатрешност има пластична капсула со делови од ситна играчка за сложување, веднаш стана хит.

За повеќе од 40 години „Ферреро“ пордаде милијарди Киндер јајца.

Салис подоцна допринесе во осмислувањето и изработката на бројни други производи на компанијата.

Во пензија замина во 2007 година, а сума во износ од 400.000 евра донираше за создавање на кампус за млади од 13 до 18 години во кои имаат прилика да ги развиваат своите уметнички квалитети.