Почина Фидел Кастро

Кубанскиот лидер и револуционерна икона на Куба, Фидел Кастро почина во 90-та година од животот, објави кубанската државна телевизија.

Фидел Кастро починал во петок во 19 часот по локално време, а по сопствена желба, ќе биде кремиран во текот на денов, пренесуваат светските агенции.

Поранешниот кубански претседател власта му ја предаде на неговиот брат Раул Кастро во 2006 година, но и после тоа тој беше политички активен.

Кон крајот на својот живот Кастро беше сведок на промени во својата земја – на историски дипломатското приближување кон Соединетите Американски Држави, традиционалниот непријател на Куба во текот на Ладната војна.