Почина хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ

Хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ почина денеска на 66-годишна возраст како последица од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.

Дујмиќ минатата среда имаше сообраќајна несреќа, кога кај местото Рамна Гора загуби контрола над воланот и слета во бездна. Веднаш потоа бил сместен на Одделот за интензивна нега во Клиничкиот центар во Риека.

Во несреќата се здобил со тешка повреда на главата и бил во кома, вклучен на респираторна машина.

Дујмиќ беше основач на популарната група „Нови фосили“ и автор на песната „Rock me“, која во 1989 година првпат и донесе победа на поранешна Југославија на Евровизија.