Почна судењето за организаторите на „27 април” – обвинетите не се чувствуваат виновни, Русковска ќе ја докажува нивната вина

Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски, се изразија дека не се винови за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност”, за насилните случување на 27 април 2017 во Собранието.

Поранешните функционери на извршната власт од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кој се товарат за организирање на „крвавиот четврток” по воведниот говор на обвинителката Вилма Рускоска, изјавија дека овој предмет е политички прогон.

„Обвинителството ќе докаже дека обвинетите кои седат во оваа судница
изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство да спречат мирно примопредавање на власта како резултат на што беше настанот што се случи на 27 април 2017 година познат како „крвавиот четврток“, рече
обвинителката Вилма Русковска, читајќи го обвинителниот акт денеска
во судница на рочиштето за судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одржа рочиште за судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието.

Судскиот процес се наоѓа на почеток, а минатото рочиште се одложи за обвинетите да извршат увид во доказите од предметот.

За да се добие комплетна слика за овој настан, рече Русковска , треба да замислите мозаик секој од сега присутните обвинети претставува една коцка.

Истакна дека доколку фали една коцка мозаикот е непотполн и токму нивните поврзани и усогласени дејствија го претставуваат тој мозаик. Дали има докази или нема ќе одлучи судот.

Не е ниту на обвинителството, ниту на одбраната, односно на обвинетите.

Тоа што Трајко Вељаноски и Спиро Ристовски изјавија дека се жртви на
политички прогон тоа е нивно мислење и се надевам дека тоа мислење ќе го поткрепат со нешто, рече Русковска, одговарајќи на новинарски прашања по завршување на рочиштето.

„Ни најмалку не чуствувам вина за оваа обвинение. Станува збор за класичен политички прогон нарачан од извршната власт заради уставните промени”, изјави поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, кој според обвинителката Рускоска, во координација со неговиот лидер Никола Груевски, ги организирале „Крвавиот четврток”.

Кус говор одржа и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, кој во својство на обвинет во овој предмет кажа дека во тек на постапката со презентација на вербални и материјални докази ќе докаже дека нема врска со обвинението покренато против него.

Од друга страна обвинетите Спиро Ристовски (поранешен министер за
образование и наука) и Владимир Атанасовски, (поранешен директор на
Управата за безбедност и контраразузнавање) кратко изјави дека не се чуствуваат виновни.

Бранителите на обвинетите во овој случај истакна дека на следното рочиште тие и нивните клиенти ќе даваат воведни говори по оваа обвинение.

„Начинот на постапување на оваа обвинителство е во најдобрите традиции во судења од 1948 кога врз основа на измислени сведоци беа осудувани голем број на патриоти и луѓе кој се бореа за независна Македонија”, изјави Јордан Апостолски, адвокат на обвинетиот Владимир Атанасовски.

„Во конкретниот случај и во воведниот говор на обвинителството не можевте да видите посочување на ниту еден доказ. Не постои доказ за никаква порака и организирање на Спиро и Миле на било кого. Не постои организиран превоз за тој ден. Ниту пак постапување на Трајко Велјанвовски, согласно Деловникот на Собранието, може да биде сторување на кривично дело, а најмалку тероризам. Затоа што постапување по Деловниот и донесување на одлуки по таа насока не може да се претставува како кривично дело „тероризам””, изјави адвокат Еленко Миланов.

По предлог на обвинителката Вилма Рускоска, на рочиште закажано за 9 март ќе треба да сведочат Оливер Спасовски и Михаил Младеновски.

Одбраната на овој предлог се противеше со аргументација дека прво треба да се презентираат материјални докази, односно со нивните воведни говори нема да имаа време за презентација на сведоците.

Но, судечкиот совет одлучи сведоци Спасовски и Младеновски, да бидат
повикани после 13 часот, на 9 март.

Дополнително во изјава пред новинарите обвинителката Вилма Рускоска, најави дека во овој случај предложен за сведок и Александар Василевски – Нинџа (осуден со осум години затвор за судскиот предмет 27 април).

Воедно, застапникот на обвинението против организаторите на настаните за „27 април”, кажа дека во тек на оваа судска постапка обвинетите изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство да спречат мирно примопредавање на власта.