Почнува изградбата на фабрика за автомобилски делови во Бунарџик

Во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2 денеска ќе биде означен почетокот на изградбата на фабрика за делови за автомобили.

Станува збор за нова инвестиција која се реализира со заедничко вложување на две компании, на американската „Дура аутомотив системс” и јужнокорејската „Алмак“, во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.