Прва последица од референдумот во Италија, еврото падна во однос на доларот

Еврото падна во однос на американскиот долар на 1,0550 од 1,0625 долари, веднаш после првите излезени информации кои покажуваа дека граѓаните на Италија на референдумот го отфрлиле предлогот на премиерот Матео Ренци за уставни промени.

Агенцијата Ројтерс оценува дека со отфрлањето на уставните реформи се доведува во прашање политичката иднина на
Ренци и дека се отвара врата за нова политичка нестабилност во земјата.

Проекциите покажуваат дека разликата на гласањето би можела да биде и 20 отсто во корист на противниците на реформите, што претставува удар за Европската унија, која се бори да надмине повеќе кризи и која силно сакаше
Ренци да продолжи со реформите, констатира Ројтерс.