Првите македонски спортисти пристигнаа во Олимпиското село во Токио

LinkSense.mk

Првата група македонски спортисти пристигна во Токио и веќе се сместени во Олимпиското село во јапонската престолнина, која од 23 јули до 8 август ќе биде домаќин на најголемата светска спортска манифестација.

Македонската олимписка експедиција за Игрите во Токио брои осум спортисти, кои ќе се натпреваруваат во седум дисциплини.

Настап под македонското знаме на Олимписките игри изборија пливачите Миа Блажевска – Еминова и Филип Деркоски, таеквондистот Дејан Георгиевски, атлетичарот Јован Стојоски, каратистката Пулексенија Јовановска, џудистката Арбреша Реџепи, стречалот Борјан Бранковски и борачот Могамедгаџи Нуров.

Македонски знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Реџепи и Георгиевски.

Први од македонските олимпијци ќе настапат Дерковски и Бранковски на 24 јули, а ден подоцна на олимиската арена ќе настапи Реџепи.