Цените на златото би можеле да ја заклучат годината за дури 10% над сегашните нивоа заради потенцијалното намалување на каматните стапки, велат стратезите на УБС, и покрај падот на почетокот на 2024 година.
Извештајот на УБС во петокот го опиша неодамнешното движење на цената како „мала“ во контекст на порастот на благородниот метал од 15% до 2023 година и во него се истакна дека „не смее да се потцени моќта на насоката на политиката на Федералните резерви“.
Златните полуги остануваат над психолошкото ниво од 2.000 долари за унца, велат стратезите на УБС, прогнозирајќи раст до 2.250 долари за унца до крајот на годината, и покрај краткорочната нестабилност.
Аналитичарите во Скотиабанк (Scotiabank) задржаа повнимателни изгледи, но ги ревидираа нивните насоки за цените на повисоко.
Во соопштението од вчера, рекоа дека усвоиле повисоки цени на златото и среброто за оваа и следната година и ја поместија својата прогноза за златото на крајот на годината на 2.000 долари за унца, од претходните 1.900 долари за унца.
На цената на златото може да влијаат повеќе фактори, вклучувајќи ги геополитичката нестабилност и пазарната несигурност – што може да ја зголеми привлечноста на полугите како своина со „безбедно засолниште“ – и на каматните стапки, кои можат инвестициите со повисоки приноси да ги направат попривлечни кога ќе се соберат.
Пазарите се сè понесигурни дека ФЕД ќе започне со намалување на каматните стапки во март.
Тековните цени ја намалуваат веројатноста на околу 48%, според алатката на ЦМЕ (FedWatch), во однос на дури 81% пред нешто повеќе од една недела. Тоа е со две клучни најави за американскиот економски раст во четвртиот квартал и индексот на цените на потрошувачката што допрва треба да дојде оваа недела.
Инвеститорите исто така ги следат и претстојните состаноци за монетарната политика во Банката на Јапонија во вторник и Европската централна банка во четврток.
Златото достигна неколку рекордни вредности кон крајот на минатата година и достигна рекордни 2.078 долари за унца, според Светскиот совет за злато.
Аналитичарите го поврзуваат порастот со очекувањата за каматните стапки и глобалната нестабилност што произлегува од судирот меѓу Израел и Хамас. Спот златото вчера во 13 часот во Лондон поевтини за 0,26%, на 2.024 американски долари.