Предизборниот тим за Брегзит осомничен за неправилности

Тимот кој што се залагаше за излегување на велика Британија од Европската унија во текот на кампањата за референдум на 23 јуни лани, се наоѓа под истрага заради финансиски неправилности, соопшти британската изборна комисија.

Комисијата наведува дека постојат „легитимни причини“ за основано сомнение дека законот е прекршен со неправилности при пријавување на донации на даночните служби.

Кампањата „Напуштија Европа“ ја основаше британскиот милионер Арон Бенкс во 2015 година. Таа кампања ја поддржа тогашниот лидер на антиевропската партија, Најџел Фараж.

Таа платформа на Брегзит која победи на референдумот на 23 јуни и понатаму е активна на социјалните мрежи и се залага за тврда струја за излегување на Велика Британија , како што е излегување од единствениот европски пазар и строга контрола на миграцијата.

Бенкс ја критикуваше одлуката за отварање истрага оценувајќи дека е политички мотивирана.

Милионерот изјави дека планира да се кандидира за пратеник на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат годинава на 8 јуни.