Презентација на резултатите од годишното истражување на пазарот на финансиски друштва

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија (АФД) денеска на ZOOM платформата ќе одржи презентација на резултатите од годишното истражување на пазарот на финансиски друштва во Република Северна Македонија.

На настанот, обраќање ќе имаат Јана Никодиновска – генерален секретар на АФД, Маја Кадиевска – Војновиќ, финансиски експерт, поранешен вицегувернер задолжен за операции на финансиски пазари и платни системи, предавач на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и Филип Димитровски – претседател на АФД.