Два часа по отварањето на гласачкото место во Теарце, гласањето беше прекинато.
Причина за прекинот беше неработењето на двете уве лампи наменети за проверка на прстот.
Иако претседателот на изборната комисија на местото 2011 каде што денес се прегласува најави дека гласањето ќе биде затворено еден час, додека од Скопје стасаат нови лампи, прекинот траеше само околу 20-ина минути.
Гласањето продолжи.
Од 716 запишани гласачи до 10 часот гласаа 76 жители на Теарце, или 10,64 отсто, соопшти Државната изборна комисија.