Американските туристи трошат многу во Европа, бидејќи силниот долар дополнително ја зголемува вредноста на нивните пари.
Дизајнерските производи моментално ги чинат Американците 38% помалку на континентот отколку дома, во споредба со 20% претходно.
Шопинг туризмот, на Американците, исто така, им пружа олеснување за дизајнерските брендови како „Гучи“ и „Луј Витон“, кои се погодени од падот на кинеските туристи.
Трошењето на американските туристи во Европа се зголеми за 40% во текот на неделата на „Црниот петок“, во споредба со истиот период во 2019 година, додека просечната трансакција изнесуваше 1.313 американски долари, што е повеќе од двојно од 2019 година.