Премиерлигашки фудбалери осомничени за сексуално злоставување

Лондонската полиција соопшти дека спроведува истрага против одделни лица од четири клубови во Премиер лига од тој град за кои се смета дека се вмешани во скандал со сексуално злоставување кој се шири во британскиот фудбал.

Полицијата информираше дека нејзиниот истражен тим примил 106 одвоени пријави за пет дена од кога е отворена истрагата, како и дека се вмешани луѓе од вкупно 30 клубови во Британија.

Клубовите не се споменуваат, но во Премиер лигата се натпреваруваат пет клубови од Лондон: Челзи, Арсенал, Тотенхем, Вест Хем и Кристал Палас.

Советот на националната полиција соопшти во петокот минатата недела дека овој скандал влијаел на вкупно 98 аматерски и професионални клубови, како и дека се идентификувани 83 осомничени.