Премиерот Ковачевски и делегацијата на Владата на Македонија пречекани со највисоки државни почести во Софија

LinkSense.mk

Премиерот Димитар Ковачевски и делегацијата на Владата на Република Северна Македонија денеска беа пречекани со највисоки државни почести во Софија, на церемонија која што се  одржа на плоштадот „Александар Невски“.

Срдечно добредојде на премиерот Ковачевски и на членовите на делегацијата на Владата на Северна Македонија им посака премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, придружуван од министрите во неговата влада.

Со овој свечен чин започна дводневната официјална посета на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и одржувањето на мешовитиот состанок на двете влади.

Премиерите Ковачевски и Петков, според Програмата на официјалната посета, положија цвеќе на спомениците на Непознатиот воин и на Светите браќа Кирил и Методиј, по што се упатија кон Македонскиот културно-информативен центар за да го означат почетокот на работата на дописништвото на Медиумската информативна агенција на Северна Македонија (МИА).

Агендата на првиот ден од официјалната посета на Софија вклучува и посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.