Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода триесет и седумгодишниот В.Н.
При претрес во неговиот дом, како што соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од кафеава течност, но и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против лицето, ќе биде поднесена соодветна пријава.