Приведени двајца гостиварци, пронајден кокаин

Синоќа околу 22.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.С.(38) и З.И.(24), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени неколку пакувања кокаин.

Од МВР денеска информираа дека тие биле задржани во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава.