Приведен полицаец, пукал во воздух од службениот пиштол

Ноќеска, 01,10 часот по полноќ, во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.,,Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот.

Како што соопшти МВР, подоцна од полициски службеници Т.Т. бил лишен од слобода, а кај него и во патничко моторно возило „пежо“ управувано од Т.Т. при извршен преглед биле пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ калибар 9 мм, една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми кал.

9мм, една рамка со 30 куршуми кал. 7,62мм и лични предмети, а од местото на настанот биле подигнати две испукани чаури кал.9мм за понатамошна постапка.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.