Прилепчанецот Гоце спасуваше животи, сега нему му треба помош

Семејството Илиески од Прилеп деновиве се соочува со сериозни проблеми, и здравствени и финансиски.

Четиричленото семејство, од најмалиот до највозрасниот, сите до еден беа заболени од корона вирусот.

Најпогоден од нив е највозрасниот, четириесет и тригодишниот Гоце Илиески. Поради сериозноста на последиците предизвикани од вирусот тој е сместен во болницата Систина, во Скопје. Состојбата му е сеуште многу лоша, заради што е ставен на респиратор.

Еден ден болничко лекување во Систина ова семејство го чини 1.700 евра заради што се најдоа во исклучително лоша финансиска состојба.

Гоце во целава ковид пандемија иташе храбро и брзо за да спаси човечки живот како возач на Брза Помош во Прилеп. Сега нему му е потребна помош.

Вашите финансиски средства можете да ги уплатите на жиро сметка на Стопанска Банка Скопје 200003328588457 (за Даниела Илиеска). Наредните денови ќе бидат отворени и телефонски линии.

Даниела, Филип и Сара ќе ви бидат од срце благодарни на вашата хуманост и човечност во борбата за нивниот татко и сопруг.

Да им помогнеме сите да бидат и понатаму заедно и среќно семејство.