Принцот Хари повторно направи неред: „Си отидов, за да останам нормален“

Триесет и шестгодишниот принц Хари гостуваше во емисија чиј водител е актерот Декс Шепард. Зборуваше за животот во кралското семејство и истиот го спореди со животот на Труман Бурбенк, кого камерите го следат во чекор.

Хари откри досега непознати детали од животот па така раскажа дека со Меган средбите ги договарал во супермаркет во Лондон.

„Се правевме дека не се познаваме, си праќавме пораки еден на друг. Луѓето ме гледаа и ми упатуваа чудни погледи, доаѓаа до мене да ме поздрават. На главата имав капа, гледав во подот и се обидував да бидам незабележан. Неверојатно е колку мастики има на подот, тотален хаос“, рече принцот.

Призна дека со години чуствувал дека не се вклопува во кралското семејство и често се чуствувал беспомошно.

„Тоа е работа, зарем не? Ќе нафрлите насмевка на лице и терате понатаму. Имав дваесет и нешто години кога размислував дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Погледајте што и направи тоа на мојата мајка. Како некогаш да се скрасам и да имам семејство, ако знам дека тоа пак ќе се случи“, раскажа Хари и додаде дека тогаш имал психичка криза затоа што не ја преболел смртта на саканата мајка.

Заради Меган побарал помош од психотерапевт затоа што го фрустрирале константните медиумски вплеткарења во неговиот живот. Тогаш му било подобро и дошол до сознание дека нешто мора да смени затоа што нема друг излез.

Го спомена и татко му, принцот Чарлс (72) и објасни дека му било многу тешко заради родителските методи на дедо му и баба му, принцот Филип и кралицата Елизабета Втора (95). Рече дека неговиот татко се однесувал кон него како што се однесувале кон него неговите родители и тоа го нарече „генетска болка“.

„Не би требало никого да обвинуваме ниту да впериме прст во некого, но кога станува збор за родителство, ако доживеав некој облик на болка или страдање заради болката која ја претрпеле мојот татко или моите родители, јас ќе се погрижам да го прекинам тој циклус за да не го пренесувам понатака. Како можам тоа да го применам кон своите деца“, рече принцот и ја продолжи приказната…

„Еве, се преселивме во САД, а тоа не ни беше планот. Но, понекогаш морате да донесете одлуки и да ги ставите семејството и своето ментално здравје на прво место.“