Принцот Хари ќе има најмногу две деца, заради спас на планетата

Принцот Хари откри дека планира да има најмногу две деца, поради неговата свесност и поголема грижа за иднината на планетата Земја.

Во интервју на зоологот и активистка за заштита на планетава, Џејн Гудал, војводата од Сасекс неколкупати повторил дека со сопругата Меган сака да има најмногу две деца, објави британски „Вог“.

Принцот притоа, нагласи дека ние луѓето сме како „жаба во врела вода и тоа е страшно“. Тој истакна дека неговиот став кон планетата се зацврстил по раѓањето на неговиот син, принцот Арчи, но дека отсекогаш сакал да придонесе за спас на планетата, дури и пред да планира да има деца.