Прислушувани разговори на патниците во авионите

Американските и британските тајни служби развиле програми со кои се следени разговори меѓу патниците на комерцијалните летови на неколку воздухопловни компании, објави францускиот „Монд“, повикувајќи се на податоци кои ги обелодени поранешниот советник на НСА, Едвард Сноуден.

„Употребата на мобилните телефони со Интернет врска е следена со помош на специфични програми на американската НСА, како и британската разузнувачка служба за врски (GCQ)“, пишува „Монд“.

Како што се наведува, 27 компании, меѓу кои се Бритиш Ервејз, Аерофлот, Етихад, Емирејтс, Туркиш Ерлајнс и
Луфтханза, од 2012 година им дозволиле на патниците употреба на мобилни телефони.

Според наводите во „Монд“, во еден документ на НСА се наведува дека 100.000 лица користеле мобилен телефон во текот на летот во само една година и дека следењето не се однесува само на повици, туку и на праќањето пораки, мејлови и пребарување преку Интернет.

Таквото собирање на податоци наречено е „Летечка страчка“ и „Гулаб писмоносец“.