Притвор за 40-годишен скопјанец осомничен за недозволена трговија со марихуана

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен скопјанец, кај кого на 2 декември, при личен преглед полицијата пронашле 147,6 грама наркотична дрога – марихуана.

Дрогата му била одземена, а осомничениот бил приведен.

– Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, проценувајќи дека осомниченото лице би можело да се даде во бегство или да го повтори делото, а судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат од ОЈО.

За лицето постои основано сомневање дека сторил кривично дело –

Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.