Клучот од собата од хотел во Конектикат во која 1956 година одседнала холивудската глумица Мерлин Монро, додека се забавувала со драмскиот писател Артур Милер, продаден е денес на интернет аукција за 131 долар.
Дилерот со антиквитети Лорета Кречко рече дека клучот од собата во хотелот „Хомстед инн“ во Њу Милфорд на и-беј (eBay) е продаден на жена која живее во тој град.
Кречкова наведе дека имало дупликати од клучевите од другите соби во хотелот, но дека постои само еден клуч од собата 22, омилената соба на познатата холивидска ѕвезда.