Продолжена вонредната состојба во Турција

Парламентот на Турција ја продолжи за уште три месеци вонредната состојба која во таа земја е воведена после обидот за воен удар на 15 јули минатата година.

Вонредната состојба и овозможува на владата да го заибиколи парламентот во донесување на нови закони, како и да го ограничи или суспендира правото или слободата ако процени дека тоа е неопходно.

Според најновите податоци кои ги објави државната новинска агенција Анадолија, во текот на истрагата за пучистите уапсени се повеќе од 41.000 лица поради сомневање дека се поврзани со имамот Фетулах Ѓулен.

Турските власти го обвинуваат Ѓулен дека стои зад обидот за воен удар.