Промените се на прагот

„Промени во Македонија и во Кочани ќе има. Новото време доаѓа и тој процес никој не може да го сопре. СДСМ и коалицијата имаат план за живот во Македонија. План за едно општество“, изјави на прес конференција Сашко Костов, претседател на Основната организација на СДСМ во Кочани и кандидат за пратеник од третата изборна единица.

Костов напомена дека приоритет им се граѓаните

„Ветуваме нови работни места, повеќе пари во секој семеен буџет, контрола над власта и враќање на правдата за сите“, рече Костов

Сашко Костов, по презентирањето на дел од програмата на СДСМ, ги повика сите слободоумни граѓани, членови и симпатизери, но и неопределени, на митингот на СДСМ што ќе се одржи во на 25 ноември пред Трговскиот центар во Кочани.