Промоција на аудиочитачот за слепи лица „Кико“

– На терасата на Музејот на современа уметност во Скопје денеска ќе се одржи промоција на дигиталната апликација – аудиочитач, симболично наречен „Кико“, наменет за слепи лица и лица со оштетен вид, на која ќе присуствуваат и премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Аудиочитачот е креиран првпат на македонски јазик, на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите Нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи лица и ќе им овозможи на слепите лица поголема независност во сите сфери од секојдневниот живот.

На настанот ќе присуствуваат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, постојаната претставничка на УНДП во земјата Нарине Сахакјан и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица, Жарко Селковски.