Просечната плата во Загреб е 912 евра

Просечна нето плата во Загреб за јануари оваа година изнесувала 6.796 куни (912 евра) и била за 44 куни (шест евра) или 0,65 отсто повисока отколку во претходниот месец, додека на годишно ниво пораснала за 340 куни (46 евра) или 5,3 отсто, соопшти денеска градското одделение за статистика.

Најголеми просечни нето плати имаат вработените за вадење сирова нафта и природен гас, 11.098 куни (1.489 евра).

Во производството на основни фармацевтски производи просечната плата нето плата изнесувала 10.415 куни (1.397 евра), во финансиските услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови, 9.930 куни (1.332 евра), во телекомуникациите 9.807 куни (1.316 евра), во производството на компјутери и електронски и оптички производи 9.695 куни (1.300 евра).

Од друга страна, најниска просечна плата за јануари примиле вработените во производството на облека 3.707 куни (497 евра) и вработените во заштитните и истражните дејности, 3.720 куни (498 евра).