ПСЖ понуди 60 милиони евра за Дибала

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, може да замине во Пари Сен-Жермен.

Шампионот на Франција понуди 60 милиони евра за аргентинскиот фудбалер, пренесуваат тамошните медиуми.

Сепак за да се реализира овој трансфер ќе треба да се согласи и играчот кој досега изјавуваше дека би сакал да остане во Јувентус.

Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за услугите на 25-годишниот Дибала.