Пукотници во Струмица

Полицајци во цивилка пукале во воздух откако се обиделе да приведат момче во Турското маало во Струмица.

Инцидентот се случил нешто по 18:00 часот на улицата Бетовенова.

Лицата пред момчето се претставиле дека се инспектори од МВР и по неколкуминутна расправија му ставиле лисици на раце.

Момчето успеало да избега и да се скрие зад толпата која не дозволувала да биде приведено.

ОД МВР велат дека настанот не е затворен, но потврдија дека двајца инспектори наишле на отпор при обид да приведат осомничено лице.

Наводно, инспекторите биле физички нападнати заради што испукале куршуми во воздух за да ја заплашат масата народ.

Причините за инцидентот дополнително ќе се утврдуваат.