Путин го одликуваше Жириновски

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за одликување на лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, со највисоко државно признание – Орден за заслуги.

„За неговиот голем придонес за јакнење на руската државност, за развојот на парламентаризмот и активното законодавно дејствување, му се доделува Орден за заслуги за татковината од прв степен на Владимир Жириновски“, соопшти прес-службата на Кремљ.

Во март Путин го потпиша указот за доделување на државни награди на руски дипломати за голем придонес во спроведувањето на руската надворешна политика.

(Фото: ЕПА)