Разбиен ланец на шверцери на луѓе

Австриската полиција денес уапси 10 турски државјани вклучени во меѓународна мрежа која во изминативе неколку години прошверцувала 10.000 илјади луѓе.

Полицијата трага за по уште тројца осомничени.

Телевизијата ОРФ, повикувајќи се извори од Министерството за внатрешни работи, информира дека криминалната група од своите активности заработила околу 15 милиони евра.

Дел од уапсените имаат полициски досиеја и веќе биле осудувани.

Во интерес на истрагата ниту полицијата, ниту обвинителството не откриваат многу детали во врска со случајов.