Рамос во 90 минута му донесе еден бод на Реал

Фудбалерите на Барселона и Реал мадрид играа денес нерешено 1:1 во дерби натпреварот од 14 коло на шпанската Примера лига.

Барселона поведе со голот на Луис Суарес во 53 минута, а Реал во 90 изедначи пречу Серхио Рамос.
Реал со денешното реми во „Ел Класико“ ја задржа бодовната предност на табелата и сега има 34 бода, шест повеќе од Барселона.

suares

Првото полувреме не донесе многу возбудувања, Каталонците ја имаа топката, а Мадриѓаните чекаа шанса преку контранапади.

Барселона прва го отвори резултатот.

Неимар изнуди прекршок на левата страна, а потоа го изведе слободниот удар и во просторот од пет метри го пронајде Суарес, кој топката со глава ја проследи во мрежата на Реал за водство на Каталонците.

Лидерот на шампионатот на Камп ноу се до финишот на натпреварот немаше којзнае каква прилика, а Барселона од друга страна во 68 минута преку Неимар имаше прилика да зголеми на 2:0, но Бразилецот од околу шест метри шутираше над голот.

Во 90 минута Марсело на левата страна крај аут линијата беше соборен по што Модриќ од слободен удар нафрли во шеснаесетникот на Барселона, највисок во скокот беше Рамос и со глава стрелаше неодбранливо. Марко-Андре тер Штеген беше немоќен.

sergio-ramos

Барселона во судиското надополнување во последните секунди од натпреварот можеше да постигне гол, но топката од гол линијата ја исфрли Касемиро после ударот на Серхио Роберто со глава од околу 15 метри.