Растат тензиите на европското небо

Германската служба за контрола на воздушниот сообраќај одби да им дозволи летови на два руски авиона од компанијата „С7“, соопштија од руската компанија.

„Откажани се летовите на нашите авиони на линијата Москва- Берлин и на линијата Берлин-Москва, затоа што германските власти не ни дадоа одобрение“, се наведува во соопштението на С7, што го пренесе ТАСС.

На сите патници од откажаните летови трошоците ќе им бидат надоместени, информираа од авио-компанијата.