Расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во Македонија

Во земјава расте бројот на заразени со Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 164 нови случаи со Ковид-19, од направени 5.276 тестирања.

Последен пат трицифрена бројка на нови случаи на инфицирани со корона вирус беше регистрирана кон средината на мај.

Најголем дел од новите случаи се во Тетово и тоа 60, Скопје 34, Гостивар 21, Куманово и Битола по осум…

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти и три починати лица во болнички услови.

Бројот на активни случаи изнесува 770, од кои нјамногу се во Тетово 229, по што следи Скопје со 221, Куманово 72, Гостивар 68, Битола 34, Струмица 21…

Моментно, без активни случаи на Ковид-19 се: Дојран, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кратово, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Богданци, Пробиштип, Виница, Крива Паланка, Ресен и Неготино.

Од почетокот на епидемијата досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.707, бројот на оздравени пациенти е 150.440, а на починати е 5.497.