Расте опасноста од глад во светот: Децата ги хранат со скакулци, лисја од кактус…

LinkSense.mk

Бројот на луѓе на работ на глад во 43 земји достигна 45 милиони затоа што несигурноста од добивањето храна остро се зголеми во светот“, предупредија од Светската програма за храна.

Скокот од 42 милиони од почетокот на годината на 45 милиони луѓе на кои денеска им се заканува глад е последица од состојбата во Авганистан каде што дополнителни три милиони луѓе се соочени со глад, наведува оваа агенцијата што е под покровителство на Обединетите нации, чие седиште е во Рим.

Десетици милиони луѓе се на раб на бездна. Судири, промена на политика и Ковид-19 го зголемија бројот на гладни“, рече извршниот директор на агенцијата, Дејвид Беслеј.

Најновите податоци покажуваат дека 45 милиони луѓе во светот се гладни“, истакна Беслеј откако се врати од Авганистан, каде Светската програма за храна однесе помош за 23 милиони луѓе.

Цените на горивата растат, цените на прехранбените производи скокнаа до небо, ѓубривата се се поскапи, сите тие факти хранат нова криза како што е онаа што се случува во моментов во Авганистан“, посочи тој.

За да се спречи гладта во светот потребни се седум милијарди долари, а тоа е пораст во однос на 6,6 милијарди долари од почетокот на годината.

Обединетите нации предупредуваат дека традиционални механизми на финансирање се преоптеретени.

Од агенцијата за храна при ОН велат дека семејствата се соочени со „ужасен“ избор: присилени се се помлади и помлади да ги мажат своите ќерки, ги повлекуваат децата од училиште или ги ранат со скакулци, со кактусови листови…

Во медиумските известувања од Авганистан се споменува дека луѓето „се присилени да ги продаваат своите деца во очајнички обид за да преживеат“, наведуваат од Обединетите нации.

Бројните суши во таа земја во комбинација со економскиот колапс тешко ги погодија семејствата.

Во Сирија 12,4 милиони луѓе не знаат како ќе го осигураат следниот оброк и таа несигурност околу храната е најголема таму, од почетокот на војната пред десет години.

Гладта е присутна и во Етиопија, на Хаити, во Сомалија, Ангола, Кенија и во Бурунди.