Реал Мадрид е првак на светот

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија титулата на Светското клупско првенство со тешка победа над Кашима во финалето од 4:2 после две продолженија.

Реал во Јапонија имаше водство, потоа Кашима направи пресврт и серизно се заканија да направат сензација, но шампионите на Европа не дозволија изненадување.

Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено 2:2.

„Кралскиот клуб“ ја оправда улогата на фаворит на турнирот и кон Лигата на шампиони и Суперкупот на Европа, го придодаде трофејот од Светското клупско првенство, што е негов втор откако се игра во ваков формат.

Кристијано Роналдо, најдобриот играч на светот за 2016 година, одигра лош натпревар, исто како и во полуфиналето против Клуб Америка, но постигна хет-трик за пресврт во тешката средба.

Се чинеше дека на стадионот „Јокохама“ ќе има неинтересен и нерамноправен натпревар, посебно откако Карим
Бензема веќе во деветата минута го совлада голманот Согахата.

real-madrid-sampioni

Чуварот на мрежата на Кашима кратко ја одби топката после силниот удар на Лука Модриќ од дистанца, но право на ногата на францускиот напаѓач кој рутинирано ја спроведе во мрежата и го отвори резултатот.

Играчите на Зинедин Зидан, после водството полека ја препуштаа контролата на противникот, а Јапонците од напад во напад беа се поопасни.

Немаше некои стопроцентни шанси се до пред крајот на полувремето, кога Шибасаки искористи една многу лоша интервенција на одбраната на Реал и го погоди десниот долен агол од голот на Навас.

Со неочекуваниот резултат се појде на одмор, а шок за навивачите на шпанскиот клуб следеше во раната фаза од продолжението.

Шибасаки во 52 минута прифати еден „подарок“ од Рамос и од дваесетина метри стрелаше неодбранливо до долниот десен агол на Навас.

Фудбалерите на Реал после водството на противникот почнаа да го стегаат обрачот околу казнетиот простор – имаа неколку полушанси, пред да биде досуден пенал во нивна корист поради стартот на Јамамото над Васкес.

Роналдо беше сигурен реализатот.

Borussia Dortmund vs Real Madrid - UEFA Champions League 2016 2017

Португалецот пропушти три-четири изгледни прилики за гол, во завршницата не беа концентрирани ниту останатите играчи, и малку фалеше да бидат сурово казнети пред крајот на мечот.

Јапонците имаа три неверојатни шанси да го торпедираат европскиот гигант, но не успеаја.

Казната за промашувањата стаса во првото продолжение, откако Роналдо на два пати им побегна на своите чувари и со двата погодоци едно по друго, го постави конечниот резултат од 4:2.

Третото место го освои екипата на Атлетико Насионал која после подоброто изведување на пенали го совлада Клуб Америка.

Real Madrid's players celebrate victory after winning FIFA Club World Cup final football match against San Lorenzo at Marrakesh stadium